Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, попладнево во меч од полуфиналето на турнирот во Куршумлијска Бања успеа да ја победи Ралука Сербан од Кипар со 2:0 во сетови, па со тоа се пласираше во финалето на овој турнир.
Македонската тенисерка беше доминантна во текот на целиот меч. Првиот сет го доби со 6:2 во гемови, а во вториот исто така беше 6:2..
Со ова Лина уште еднаш ја потврди добрата форма во последно време со што оствари пласман во уште едно финале.
Утре во битка за пехарот Ѓорческа ќе биде битка против домашната тенисерка Теодора Костовиќ.