Контроверзен гол на Барса уште на стартот на сезоната во Ла Лига (ВИДЕО)

149

На отворањето на сезоната во Шпанија, веднаш контроверзни сцени. На мечот меѓу Мајорка и Барселона, гостите на полувреме водеа со 2:0, а особено полемика се крена околу вториот гол на Каталонците.

Имено, во моментот кога еден од домашните фудбалери заработи силен удар во главата со топка и остана да лежи на тревата, главниот судија размислуваше дали да ја прекине играта, а  Торес успеа да погоди за 2:0.

Ситуацијата предизвика конфузија на теренот бидејќи судијата Мунуера го држеше свирчето во уста, но очигледно не даде знак за прекин на играта, нешто што судиите вообичаено го прават кога се работи за проблем со повреда на главата. Фрустрациите кај домашните потоа доведоа и до два црвени картони.

Претходно„Марка“: Сензационална трампа во најава – Родриго за Салиба!
СледноБарселона со убедлива победа ја почна одбраната на титулата (ВИДЕО)