Синоќа заврши уште едно издание на меѓународниот ракометен турнир Струга 2025.
Поради дождот, самиот финален меч меѓу Охрид и Бутел се одржа во салата “Тими“ во Струга, а по завршување на финалето во кое победи тимот на Охрид, организаторот ги прогласи и најдобрите.
Охрид е победник на Струга 2025, Анте Иванковиќ од Охрид беше прогласен за МВП на турнирот или најкорисен играч. Голманот на Охрид, Бојан Блажески беше прогласен за најдобар голман, најдобар стрелец беше Филип Мечкаровски од Струга со 21 гол.
Камер Металари и Марјан Пгњановски добија признанија за посебен придонес.