Стефан Арсов е новитетот за Македонија од Шведска

409

Огнен Чак Дојчиновски

Македонката дијаспора која што е распространета ширум Европа и светот, периодов ни донесе многу фудбалски бисери кои се раѓаат во младинските категории по клубовите насекаде.

Речиси нема собир на нашите младински селекции, а во составот на Македонија да не се појави ново момче кое што е израснато некаде во светот, но не ги заборавило корените на своите родители. Се повеќе македончиња се одлучуваат да го носат дресот на нашата земја, што е одлично, затоа што квалитет секогаш сме подготвени да примиме.

Па така, најновото име кое што се појавува на македонското фудбалско небо е членот на младинските категории на АИК Стокхолм, Стефан Арсов. Неговото потекло е од Штип. Роден е на 6 мај 2011 година, а веќе настапува и за генерацијата  2009 во неговиот клуб. Момчето го крази одлична градба за неговата возраст но и техника која што му дава одлична позиција на терен.

„Секако дека сум подготвен да настапувам за Македонија, доколку добијам повик. Се радувам на секој тренинг, секој натпревар, живеам за фудбалот што се вели. Се надевам дека со добрите игри и настапи ќе заслужам повик за националниот дрес на Македонија“ – изјави Арсов за Спортспорт.

 

ПретходноМаркез продолжува да гази во МОТО ГП шампионатот
СледноСензационално: Јунајтед од Милан бара размена – Мењон за Хојлунд!