Марјан Илиевски: Им благодарам и на критичарите кои ни даваат мотив плус!

121

По првата победа во овие претквалификации секако дека селекторот Марјан Илиевски беше задоволен. И треба да биде со оглед на тоа како одиграа неговите момци вечерва против Унгарија. Таа борбеност и голема упорност и храброст, секако дека на крајот беше наградена со победа во последниот меч од овие претквалификации.

Сакам да им честитам на моите играчи бидејќи цело време зборувавме дека има и карактер и квалитет, дека им недостига само искуство. Денеска тие на сите им покажаа дека можат да одиграат еден меч во висок тимски дух, ќе функционира и нападот и одбраната на едно повисоко ниво. Она што го кажав и на почетокот, дека нас ќе не краси таа транзиција, денеска го покажавме тоа, дадовме многу поени по добра одбрана… го анулириавме и проблемот во скок-играта. Во целиот овој период покажува дека имавме напредок во однос на работите кои во многу кратко време се запознаваа. За се е потребно време, верувам дека ние ќе напредуваме како што ќе доаѓаат наредните натпревари. Ние како стручен штаб добро знаеме што работиме, она што сме го зацртале и ќе продолжиме по нашиот пат. Им благодарам и на оние кои се критичари и кои ни даваат мотив плус. Повторно би сакал да упатам апел до клубовите играчите кои ја красат оваа репрезентација, да добиваат шанса во своите екипи“ потенцираше селекторот Илиевски.

Сега Македонија пред себе има нов предизвик. А тоа се квалификациите за пласман на ЕП 2029 година:

Во ноември пред нас е нов циклус, кога ќе имаме само два дена пред првите натпревари, многу е важно овие играчи да добијат во меѓувреме минутажа во своите клубови. Ние го продолжуваме овој процес, се надевам дека ќе бидеме добро сфатени за овој апел бидејќи тоа е единствен начин да се оди напред. Благодарност до сите играчи, до членовите на стручниот штаб, минавме еден прекрасен мотивирачки период, никој не се штедеше во ниту еден тренинг, верувавме едни во други и тоа е она што ќе биде случај и во иднина. Секој тренер секогаш сака да има поширок ростер, вратата за никого не е затворена, но јас сум горд на овие момци. Кога би можел пак да го изберам истиот пат, без размислување би прифатил повторно од почеток да работам со оваа групна на играчи и тренери, на кои сум им благодарен на сработеното во целиот овој период. Не ја разбирам оваа победа еуфорично, ова е победа на хемијата и на потенцијалот што го имаат нашите играчи, заокруживме циклус со триумф што сигурно ќе значи за секој спортист што е на почеток на нешто. Победивме квалитетен ривал од кого загубивме убедливо на првиот меч, верувам дека сме на добар и верувам дека овие играчи ќе продолжат да даваат резултат“, заклучи Илиевски.

ПретходноТашовски: Одигравме фантастичен меч!
СледноДонарума се договори со Сити, ама уште не е готово!