Вардар против Мешков Брест за место во финалето на Ф4

188

Веднаш по завршување на дуелот меѓу ППД Загреб и Вардар 1961, СЕХА-лига ги објави полуфиналните двојки на фајнл-фор завршницата која ќе се одржи овој викенд во Задар.

Актуелниот македонски првак ќе ги одмери силите со Мешков Брест, додека пак во втората полуфинална двојка ќе се сретнат Веспрем и Мотор. Овие средби се закажани за 3. септември.

Вардар е единствениот тим кој се пласирал на сите 10 завршници и засега е најтрофејниот тим во ова натпреварување, има пет титули. Бранител на тронот е Веспрем, кој има две помалку.

ПретходноНИКОЈ КАКО ВАРДАР: Во Загреб е испишана нова историја во СЕХА-лига
СледноВест Хем ја зголеми чешката колонија – потпиша и Алекс Крал