Според Трансфермаркт: Шкендија вреди 5,5 милиони евра, а Лудогорец 51,2 милиони!

287

Јасно е дека во фудбалот не секогаш се важни парите, големината на буџетите, но исто така е важно дека само со многу пари и големи буџети можеш да направиш добар тим кој може да направи нешто во Европа.

Во пресрет на вечерашниот дуел од плеј – офот во Лигата на Европа меѓу Шкендија и Лудогорец, убаво е да видиме што “кажува“ Трансферакт во поглед на вредноста на двете екипи.

Во Македонија клубот од Тетово важи за еден од најбогатите, а според играчите и за клуб со најголема вредност.

Трансфермаркт вели дека Шкендија во моментов има играчи кои заедно вредат 5,5 милиони евра, а дека Клисман Цаке со 600.000 евра е најскапиот играч.

Но Шкендија во однос на Лудогорец чиста сиромаштија, ако се знае дека шампионот на Бугарија има тим и играчи кои заедно вредат 51,2 милиони евра или речиси десет пати повеќе од Шкендија.

Инаку најскапиот играч на клубот од Разград е Бернард Текпетеј од Гана, некогашен играч на Шалке, со вредност од 4,5 милиони евра или само тој вреди речиси колку сите играчи на Шкендија заедно.

И затоа Лудогорец е непрокосновен во својата земја, и затоа често игра во групната фаза во европските натпреварувања.

ПретходноСамо во Јужна Америка: Хаос во Аргентина на меч од Копа Судамерикана! (ВИДЕО)
СледноМоже и по телефон: Еве како Маскерано го водеше тимот на Интер Мајами!(ВИДЕО)