Македонскиот боксерски репрезентативец, Еди Насуфи, трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа. Насуфи имаше само 19. години и имаше перспективна боксерска кариера пред себе.
Беше член на струшкиот клуб Синди, а настапуваше за репрезентацијата на Македонија во повеќе возрасни категории. Насуфи е роден во струшкото село Велешта.
Македонската спортска но и поширока јавност испраќа сочувство до семејството и пријателите на трагично загинатиот спортист.