Некогаш еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата, Дивок Ориги, е на прагот да си замине од Милан и да ја прекине агонијата која што му се случува вече извесен период.
Белгиецот имено, речиси и да си ја упропасти кариерата откако си замина од Ливерпул во 2022 година, а изминатата сезона речиси и да не постоеше за стручниот штаб на Милан.
Таму во еден момент дури му беше предложено да настапува за Б тимот, само за да ја одржи натпреварувачката форма.
Тоа искусниот белгиец го разбесни тотално, па нормално дека во овој преоден рок тој прави се за да си замине од Милано. Ќе добие раскин на договор секако откако ќе се спогоди со управата и до 1 септември ќе има нов клуб.