Звездата на тимот на Јувентус, Даглас Луис, се солгласи на едногодишна позајмица во тимот на Нотингем Форест. Истата е веќе реализирана, и бразилецот веќе викендов веројатно ќе има можност за деби настап за неговиот нов клуб. Позајмицата е со важност до следното лето, со опција за можен откуп.
Луис пристигна во Јуве по трансферот од Астон Вила вреден педесетина милиони евра, но по само 27 мечеви минати во Јуве тој се враќа во Премиер лигата.
„Навистина сум среќен што сум тука. Тоа е голем клуб и решив да дојдам затоа што ги гледам нивните сериозни амбиции“, рече Луис.
A new history starts now. pic.twitter.com/7T9GXi6kiP
— Nottingham Forest (@NFFC) August 21, 2025