У16: Кадетките поразени од Бугарија

27
фото: KFSM

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 16 години го забележа и вториот пораз од репрезентацијата на Бугарија во рамките на „Б-дивизијата“ од Европското првенство. Репрезентацијата на Бугарија триумфираше на натпреварот со 80:62.

Нашите кошаркарки тргнаа добро и поведоа на натпреварот, но потоа Бугарките се консолидираа, изедначија и дури го свртија резултатот во своја корист. До крајот на натпреварот нашите кошаркарки бркаа негатива која на моменти беше и двоцифрена и на крај забележаа убедлив пораз. Кај нашата репрезентација најефикасна беше Груевска со 18 поени.

ПретходноГласнер: Езе веќе не е дел од Кристал Палас
СледноЧелзи продаде уште еден играч: Веига во Виљареал