Новак Ѓоковиќ во пресрет на стартот на УС Опен се огласи од САД каде покрај другото кажа зошто турнирот кој важеше за спектакл во изминатите години во Србија, па и поширокот мораше да биде преселен во Грција.
„Ситуацијата во Србија е генерално таква што луѓето дури и не се грижат за спортот… Многу работи се случуваат, има голема транзиција воопшто и за луѓето и за земјата.. Без да се мешам во политиката, бидејќи веќе доволно зборував за тоа, се надевам дека страстите малку ќе се смират. Сè ескалираше многу, буквално сме на работ на граѓанска војна. Се надевам дека ситуацијата малку ќе се смири, но нема никакви индикации за тоа“ е дел од изјавата на Ѓоковиќ.
Инаку познато е дека тој во изминатите месеци постојано им даваше поддршка на студентите, токму затоа актуелната власта на Александар Вучиќ, медиумски удри со сета сила по него.