Марк Маркез најбрз во квалификациите за ГН на Унгарија!

17
ФОТО: MotoGP/X

Фантастичниот Марк Маркез и натаму доминира сезонава во Мото ГП. Па така Шпанецот, денеска беше најбрз и во квалификациите, ја освои пол-позицијата на патеката Балатон за ГН на Унгарија. Ова значи дека водечкиот во генералниот пласман ќе стартува од првата позиција на утрешната главна трка која е закажана за 14 часот.

На второто место на денешните квалификации заврши Марко Бецеки, а трет е Фабио Ди Џантонио.

Ова за Маркез е 74.освоена пол – позиција.

Да кажеме и тоа дека денеска во 15 часот ќе се одржи и спринт трката за ГН на Унгарија, на која Маркез исто така е голем фаворит за победа.

ПретходноТрансфери: Езе наскоро и официјално во Арсенал! Антони повторно во Бетис, што ќе биде со Едерсон?!
СледноБарселона за следното лето најави две спектакуларни засилувања! (ФОТО)