Ветеранот Франк Рибери, кој е слободен играч, ќе се врати во италијанското првенство. Како што објавија италијанските новинари, 38-годишниот Французин се договорил со Верона и наскоро ќе биде официјализирана соработката.
Рибери во моментов тренира со Баерн Минхен, но не успеа да направи трансфер во некој од клубовите ос кои веќе разговараше. Рибери со тимот од Минхен осупати стана шампион на Германија, шестпати го освои Купот на Германија и ја освои Лигата на шампионите, но последните години беше дел од италијанската Серија А, каде го носеше дресот на Фиорентина во последните две сезони.