Репрезентацијата на Србија дефинитивно е кандидатот број еден за освојување на златниот медал на претстојниот ЕВРО баскет, а селекторот Светислав Пешиќ ги одбра кошаркарите на кои ќе смета на овој континентален самит.
Јавноста во Србија беше во големо исчекување, а и самиот Пешиќ беше под голем притисок затоа што реално северниот сосед има огромен квалитет и потенцијал во моментов.
Сепак, тројца мораа да отпаднат од поширокот список, а тоа се Никола Топиќ, Дејан Давидовац, и Балша Копривица. ОД претходно отпаднаа Ален Смаилагиќ и Урош Трифуновиќ.
Па така конечните патници за Србија на претстојниот ЕП се:
Алекса Аврамовиќ, Стефан Јовиќ, Василије Мициќ, Богдан Богдановиќ, Марко Гудуриќ, Огњен Добриќ, Вања Маринковиќ, Никола Јовиќ, Филип Петрушев, Никола Јокиќ, Никола Милутинов, Тристан Вукчевиќ.