Шкендија го доведе Спахиу

1295

Актуелниот македонски шампион, тимот на Шкендија, е на прагот да ја има првата европска есен со пласманот во групната фаза од етно од елитните европски натпреварувања.

Доколку тетовци го минат Лудогорец во домечот во кој по првиот меч водат со 2:1, ќе бидат дел од Лигата на Европа, а доколку не дај боже бидат елиминирани, тогаш се дел од Лигата на Конференции.

Па така, Шкендија до крајот на преодниот рок нормално дека ќе сака што повеќе да се засили за да може и адекватно да одговори на предизвиците кои што следуваат. Веќе е доведен Атхе Мазари, а сега следува и репрезентативецот на Албанија, Себастјан Спахиу.

Се работи за играчот за врска кој што е роден во Белгија и кој што има во моментов 25. години.

Својата кариера ја започнал во Мускрон, а потоа има епизода во Шпанија, каде бил дел од екипите на Изара и Гуихело. Во Албанија бил дел од Лаци и Егнатиа пред да настапи и за тимот од Иран, Мес Рафсанџан.

 

ПретходноЃурковски и Николовски за уште посилно Скопје пред стартот на ВМФЛ
СледноМаркес го доби спринтот во Унгарија