Утринава по наше време се одиграа неколку интересни натпревари во МЛС. Сепак за одбележување е првиот гол на Хеунг – мин Сон, некогашната ѕвезда на Премиерлигата и Тотенхем, кој успеа да го постигне својот прв гол во дресот на Лос Анџелес и тоа против Далас. Овој гол на репрезентативецот на Ј.Кореја ќе се памети, едноставно фантастично. Мајсторот си е мајстор, каде и да игра.
Натпреварот заврши со резултат 1:1.
Son Heung-min’s first MLS goal ⭐️
(via @MLS)
— B/R Football (@brfootball) August 24, 2025
Инаку гол даде и легендарниот Томас Милер, кој успеа да реализира најстрога казна во 90+4.минута за победа на неговиот Ванкувер.
Интер Мајами настапи без Лео Меси и одигра нерешено 1:1 против Ди Си Јунајтед.