Марк Маркез седма трка по ред е победник во МОТО ГП шампионатот. Оваа сезона очигледно станува здодевна поради доминацијата на Маркес, кој што пак денеска беше број еден на трката за големата награда на Унгарија.
Иако немаше најдобар старт по неколку стотини метри тој ја загуби лидерската позиција на трката, сепак, со оглед на фактот што сезонава вози феноменално, Маркез бргу го презеде приматот и на оваа трка. Безеки и Морбидели се обидоа нешто и денеска но Маркес е едноставно несовладлив сезонава.
Зад возачот на Дукати на втората позиција се пласираше Акоста од КТМ, додека трет на пиедесталот се искачи Марко Безеки од Априлиа.
Маркез во генералниот пласман води со 430 бодови.