Нов анти-рекорд: Манчестер Ј. го има наjлошото отворање на сезоната по 2022 година

103
фото: Premier League (X)

Манчестер Јунајтед остана без победа и по второто коло во англиската Премиерлига.

Екипата на Рубен Аморим денеска ремизираше 1-1 на гостувањето кај Фулам. Во првото коло, пак, беа поразени со 0-1 на домашен терен од екипата на Арсенал.

Овој еден освоен бод е практично најлошиот старт на сезоната за клубот од „Олд Трафорд“ од 2022 година. Тогаш „црвените ѓаволи“ почнаа со два порази во првите две кола. Тренер на тимот тогаш беше Ерик тен Хаг. Исто така интересно е и дека Манчестер Јунајтед има само седум победи и дури 15 порази на 29 натпревари под водство на Рубен Аморим. Во просек „црвените ѓаволи“ добиваат помалку од еден бод по натпревар под водство на португалскиот стратег.

Следниот меч на Манчестер Јунајтед ќе биде против нисколигашот Гримсби во Лига купот на 27 август.

ПретходноКомо го изненади фаворитот Лацио, Фиорентина само до бод со Каљари
СледноЕ. Пелистер 2 е освојувач на турнирот „Миле Нешкоски“