Димитријевиќ тргна со Зенит: Се надевам дека ќе имаме добра сезона, сакам повторно да уживам во кошарката!

80
ФОТО: BC-Zenit.com

Ненад Димитријевиќ тргна со својот нов тим, со Зенит од Санкт Петербург. Откако мина една сезона во Милано, каде што не беше задоволен, тој се врати во средината каде што ги имаше своите најдобри игри, но сега во Зенит.

Македонскиот кошаркар веќе одработи неколку тренинзи, а за клупскиот сајт на Зенит го даде и своето прво мини и интервју од како стартуваа подготовмите:

Драго ми е што конечно сум тука, за да ја започнам предсезоната, да ги запознаам сите што е можно побрзо и да ја започнам сезоната. Разговарав со некои момци. Возбудени сме, мислам дека ќе биде добра сезона пред нас, а разговарав и со тренерот. Како што реков, возбуден сум што ја започнувам сезоната. Само сакам да се вратам на мојата игра, да уживам во играта како што знам да играм и се надевам дека ќе можам да му помогнам на тимот да победи на толку многу натпревари“ изјави македонскиот репрезентативец.

ПретходноАрсенал не знае за доста: Артета тргнува по дефанзивецот на Леверкузен!
СледноШкендија вечерва ќе преноќи во Софија, утре продолжува за Разград!