Пелистер предаден на Дисциплинска!

975
ФОТО: FC Pelister Bitola/FB

После се она што се случуваше вчера во Кавадарци, кога фановите на Пелистер навредливо скандираа за време на натпреварот со Шкупи во рамките на 3.коло на ПМФЛ, нормална реакција на ФФМ.

Еве што информираат од Фудбалската федерација на Македонија:

По пријава на делегатот на натпреварот ФК Пелистер – ФК Шкупи, Комисијата за натпревари во рамки на ФФМ го предаде ФК Пелистер на понатамошна постапка во Дисциплинската комисија.

Пријавата се однесува поради навредливо скандирање на дел од навивачите на натпреварот Пелистер – Шкупи, одигран во рамки на 3. коло од Прва МФЛсе вели во соопштението на ФФМ.

ПретходноНгумоха стана најмладиот стрелец во историјата на Ливерпул! (ВИДЕО)
СледноКуп -1/16 финале: Работнички гостува во Карбинци, Охрид ја дочекува Брера!