Куп на Македонија 1/16 финале: Работнички броеше до 16 во Карбинци, Брера елиминирана на стартот

380

Денеска се одигра дел од прелиминарната фаза од Купот на Македонија, таканаречената 1/16 финална фаза во која фаворитите горе долу ја завршија задачата.

Во прв ред тука се мисли на екипата на Работнички која што во Карбинци кај истоимената екипа триумфираше со 0:16. Од друга страна пак, екипата на Македонија ЃП во дуелот со Љуботен на гостински терен постигна 14 гола, додека пак Брегалница Штип кај екипата на Победа од Валандово обезбеди победа од 0:6.

Најголемото изненадување ако може така да се каже се случи во Охрод каде што второлигашот по подоброто изведување на пеналите беше подобар од тимот на Брера. Регуларниот дел заврши 1:1.

Силекс пак против битолскиот тим Европтип Онлајн забележа победа од 1:7.

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Кога ќе ти пречи сонцето…
СледноОфицијално: Лукас Васкез во дресот на Баер (Л)