Серхио Перез и Валтери Ботас се враќаат во Формула 1 и тоа како возачи за Кадилак, новиот тим кој ќе започне да се трка во 2026 година.
Американскиот тим објави повеќегодишни договори со возачите и ги реализираше најавите на медиумите дека искусниот двоец ќе седне во болидите на новиот Формула 1 тим.
Перез го напушти шампионатот на крајот од минатата година по четири сезони со Ред Бул, а претходно се тркаше за Заубер, Мекларен и Форс Индија/ Ресинг Поинт.
Ботас возеше за Вилијамс, Мерцедес и Алфа Ромео/Заубер. Откако го изгуби своето место во Ф1 на крајот од 2024 година, Валтери стана резервен возач на Мерцедес.