„Мондо“ во Токио ќе се обиде да го направи невозможното – скок над 6.30 метри!

60
ФОТО: X

Светскиот рекордер во скок со стап, Арманд „Мондо“ Дуплантис, се надева дека денеска ќе ја освои петтата последователна титула во Дијамантската лига на митингот во Цирих, град домаќин на финалето на ова големо атлетско натпреварување, само две недели пред стартот на Светското првенство во Токио.

„Морам да бидам фокусиран, не можам да се опуштам“, рече Швеѓанецот. „Високите очекувања се подобри од никакви очекувања. Тоа е добар проблем, искрено“, рече тој.

На прашањето дали бариерата од 6,30 метри наскоро би можела да биде надмината, Дуплантис вели: „Се обидувам да ги искористам деновите колку што можам повеќе. И ако се чувствувам така, кога имам можност да го соборам светскиот рекорд, ќе се обидам да го направам тоа. Би било неверојатно да го направиме тоа тука во Цирих, но уште поневеројатно ќе биде тоа да се случи во Токио“, дополнил популарниот „Мондо“.

ПретходноЖФК Љуботен против шведскиот првак Розенгард тргнува во втората рунда од квалификациите за ЛШ
СледноОткако се степа со соиграч, Олимпик (М) го праќа Рабио во Милан