Денеска стартуваше најновото издание на континенталниот европски кошаркарски самит. Во првиот дуел репрезентацијата на Литванија со конечни 94:70 ја совлада Велика Британија и на тој начин со триумф ја отвори оваа кампања.
Како што е добро познато, овој ЕВРО кошаркарски самит се игра во повеќе држави. Главните фаворити покрај Литванија, секако се и Србија, но и репрезентациите на Германија, Словенија, кои што имаат свои амбиции за највисок пласман.
Што се однесува до индивидуалниот учинок на овој дуел, Валанциунас е најдобар стрелец со 18 поени, додека Тубелис постигна поен помалку.