Катастрофа за Јунајтед: Гигантот елиминиран од четвртолигаш во Лига Купот! Се шутираа 26 пенали, Мбеумо е трагичарот!

116
ФОТО: Grimsby Town F.C/FB

Уф, каква катастрофа за Манчестер Јунајтед. Тимот на Рубен Аморим е елиминиран од четвртолигашот Гримсби во 1/32 финалето во Лига Купот на Англија, и тоа на пенали и тоа се шутираа 26 пенали или во 13 серија Мбеумо ја погоди пречката и тоа беше крај.

Инаку во регуларниот дел мечот заврши со резултат 2:2. Домашните водеа со 2:0, за Мбеумо во 75.минута и Мегваер во 89. сепак се изборија за пенал – серија.

А таму се шутираа дури 26 пенали, а победникот беше решен во 13.серија.

И кога ќе помислите дека Јунајтед не може да оди подолу, сте се излажале.

Секако дека по мечот големо славје на теренот на фановите и играчите на Гримсби, заслужено.

ПретходноКејн прво промаши пенал, па после го спаси Баерн од голем срам!
СледноЛШ: Бенфика го елиминираше Мурињо, познати се сите учесници и шешири пред утрешната ждрепка! (ФОТО)