Ете зошто е најдобриот. И кога е повреден, и кога е на залезот на кариерата, кога е најпотребно Лео Меси е најдобар. Така и утринава Аргентинецот својот Интер Мајами со стил го однесе во финалето на Лига Купот на Северна и Централна Америка откако во полуфиналето против Орландо со два гола му донесе победа на својот тим во дербито на Флорида.
Марио Пашалиќ во 45.минута донесе водство на Орландо од 0:1. За да потоа Лео стапува на сцена прво со гол од пенал во 77.минута за 1:1. Се играше 88.минута кога по асистенција на Алба, Меси тресе за 2:1. Точка на победата на Интер Мајами стави Сеговија во 90+1.минута.
Секоја чест за Лео Меси.