Синоќа “бомбата“ во светот на фудбалот не беше некој мега – трансфер, туку она што се случи на мечот од 1/32 финалето во Лига Купот на Англија. По неверојатната пенал – серија, шутирани беа 26 пенали, тимот на Гримсби, инаку четвртолигаш, го победи Манчестер Јунајтед и го елиминираше од ова натпреварување.
Откако Мбеумо во 13 серија ја погоди пречката, славјето можеше да почне. Стотина фанови на “малиот“ Гримсби се најдоа на теренот за да го прослават со своите играчи овој неверојатен успех.
Погледнете, тоа е фудбал: