СЕХА потврди: ППД Загреб на местото на Вардар на Ф4

1015

СЕХА лига и официјално потврди дека Вардар 1961 нема да учествува на фајнл-фор завршницата во Задар.

Причината е позитивен случај на Ковид-19 во редовите на македонскиот првак. По долготрајни разговори, одборот на регионалното натпреварување одлучи да го исклучи Вардар1961, а неговото место да му го додели на ППД Загреб.

Ракометарите на Вардар1961 веќе се на пат кон Скопје.

Полуфиналните средби се закажани за во петок, Мешков Брест игра против ППД Загреб, додека Веспрем со Мотор Запорожје.

ПретходноКими Раиконен: Ова е мојата последна сезона во Формула 1!
СледноЕП 2021: Слаб почеток и задоцнет финиш за стартен пораз од Финска