Македонската репрезентација до 21. година на чело со селекторот Драган Канатларовски утре со почеток од 18:30 минути на ММА арената во Ле Ман го игра квалификацискиот меч од новиот циклус против домаќинот Франција.
Нашиот состав по многу перипетти, откажувања, ковид позитивни, ковид протоколи, и специјално извадени документи за влез во Франција конечно се најде на терен и го одработи официјалниот тренинг пред утрешниот меч. Нашите млади фудбалери се свесни за она што ги очекува но во исто време се и подготвени да му се спротивстават на големиот фаворит.
„Секако дека знаеме против кого играме но тоа нас само повеќе не мотивира. Ќе дадеме се од себе добро да го стартуваме овој циклус, и да останеме непоразени кај еден од главните фаворити во групата“ – велат нашите репрезентативци.