Барселона официјално потврди, Балде е повреден

49

Екипата на Барселона преку социјалните мрежи предмалку објави дека Алехандро Балде се повредил на тренинг и дека ќе одуствува повеќе време од теренот.

„ Алехандро Балде претрпе повреда на тетивата на левата нога за време на денешниот тренинг. Опоравувањето зависи од повеќе аспекти“, се вели во соопштението на Каталонците.

Иако клубот ја нарекува „мала“ повреда, шпанските медиуми наведуваат дека 21-годишниот дефанзивец ќе отсуствува најмалку три недели. Ова значи дека Балде веројатно ќе пропушти важни натпревари како што се долгоочекуваниот домашен натпревар против Валенсија на 14 септември и гостувањето против Њукасл четири дена подоцна во првиот натпревар на Каталонците во Лигата на шампионите.

ПретходноОфицијално: КК Пелистер се засили со репрезентативецот Андреј Митревски!
СледноЛетонците ја декласираа Чешка и го “заверија“ третото место во групата А!