И дефинитвно Србија и тоа како не е непобедлива. Тоа најдобро го покажаа Турците кои вечерва во битката за првото место во групата А, ги победија Јокиќ и компанија со 95:90. Па така на крајот Турците завршија како први, Србија е втора.
Се знаеше уште пред овој дерби меч во Рига на ЕП, дека тоа ќе биде неизвесна битка, така и беше. Колку и да Никола Јокиќ го даваше максимумот, но се виде дека четата на селекторот Атаман беше подобра, а и во финишот знаеше како треба да ги искористи грешките на Србите кои беа силно хендикепирани откако се повреди и Алекса Аврамовиќ кој во второто полувреме не влезе на терен. По Богдановиќ, секако дека ќе биде катастрофа за Србија ако и Аврамовиќ не ќе може да игра на ова ЕП.
Турција имаше 18 погодени тројки од 30 шута, и тоа се чини ја донесе победата.
По оваа средба и дефинитивно се знаат половина од осминафиналните мечеиви:Турција – Шведска, Србија – Финска, Германија – Португалија и Литванија – Летонија.