Капитенот на Алкалоид, Игор Ѓоргиев исто како сите во тимот тврди дека негативата од десет гола разлика против бундес-лигашот, Хановер не е реална. Очекува во сабота (19:30 часот) во салата Автокоманда да се покажат во подобро светло, најави дека нема да се откажат.
„По дуелот во Германија со екипата на Хановер, сега ни следи домашен дуел пред нашата публика. На првиот меч екипно имавме лош ден пред се во нашата реализација, за чисти ситуации и пенали, што против една таква екипа е недозволиво. Негативата е голема, но ние нема да се откажеме во ниеден момент. Со помош на нашата публика ќе се бориме. Пред мечот го добиваме и пехарот во Европскиот куп, па затоа ја повикувам јавноста во сала, прво да се израдуваме на пехарот заедно, па потоа да бидат наш осми играч“,