Битките тргнуваат во сабота: Комплетирани осминафиналните парови за Евробаскетот 2025

107
фото. fiba.basketball

Со последните два меча вечерва, заврши групната фаза на Европското првенство во кошарка. По победата на Грција над Шпанија веќе станаа познати сите двојки за првата елиминациска рунда – осминафиналето.

Осминафиналната фаза стартува во сабота во Рига, Летонија. Од групата А поминаа Турција, Србија, Летонија и Португалија, а од групата Б Германија, Литванија, Финска и Шведска.

Од групата Ц натаму продолжија Грција, Италија, Босна и Херцеговина и Грузија, а од групата Б Франција, Полска, Словенија и Израел.

Во одминафиналето не очекуваат следните пресметки:

Литванија – Летонија

Грција – Израел

Турција – Шведска

Полска – Босна и Херцеговина

Германија – Португалија

Италија – Словенија

Србија – Финска

Франција – Грузија

ПретходноБелгија го прегази Лихтенштајн, Германија се „сопна“ кај Словачка (ВИДЕО)
СледноМакс со една изјава отвори врата за можен трансфер во Ферари?