Лина Ѓорческа успеа да се избори за уште едно финале на ИТФ турнирите. Таа денеска во полуфинале на турнирот во Слобозија, Романија, славеше над Мариа Попа со 6-1, 6-4.
Во утрешното финале во битка за пехарот, Ѓорческа за противник ќе ја има Романката Елена Бертеа.