Халилхоџиќ и Зијех влегоа во војна: Доцнеше, одби да тренира, па се правеше повреден

1511

Селекторот на фудбалската репрезентација на Мароко, Вахид Халилхоџиќ објасни зошто 28-годишниот офанзивен играч од средниот ред на Челзи, Хаким Зијех, го нема во репрезентацијата за квалификациите за СП 2022.

„Однесувањето на Хаким во последните два натпревари од претходниот собир, особено на последниот, беше несоодветно за фудбалер кој треба да биде лидер на репрезентацијата. Прво, доцна пристигна на локацијата на тимот, а потоа одби да тренира. Немаше смисла да се дискутира за ова подоцна. Како тренер, извлеков одредени заклучоци за него. За мене, репрезентацијата е пред се, а него никој насилно не го држи овде. За првпат во тренерската кариера видов однесување што ме разочарува. Играч кој одбива да учествува на пријателски натпревар под изговор дека е повреден. Се разбира, медицинскиот персонал изврши неколку прегледи и ме извести дека може да игра. Хаким потоа одби да се загрее во второто полувреме бидејќи беше разочаран што бил само замена. Ова однесување за мене е неприфатливо. Или ќе се дадете 100% во репрезентацијата, или не доаѓајте“, изјави Халилхоџиќ.

ПретходноЕмирот на Катар е човекот кој не дозволи Мбапе да го облече дресот на Реал (М)
СледноВујовиќ по исфрлањето на Вардар од СЕХА Ф4: Каков срам!