Лазаров со една измена во составот, Бутел Скопје ја почнува својата европска авантура

70

Алкалоид вечерва (19:30 часот) ќе го одигра реванш натпреварот со Хановер од квалификациската фаза од ЕХФ Европската лига. Тренерот Кирил Лазаров направи една измена во составот во однос на првиот меч. На местото на Никола Маркоски, денеска во игра ќе биде пикерот Кристијан Симоноски.

На другата страна Хановер ќе биде без својата првата ѕвезда – Рејнарс Усчинс, а во тимот го нема ниту левото крило Аугуст Педерсен кој е повреден.

Бутел Скопје фаворит на првиот европски меч

Бутел Скопје денеска (18 часот) е третиот македонски тим кој доби право на настап во ЕХФ Европскиот Куп, натпреварување кое минатата сезона го освои Алкалоид. Избраниците на Горан Кузманоски стартуваат од првото коло, а за противник го имаат тимот на  Дуделанж од Луксембург, мечот се игра на гостински терен.

Иако луксембуршкиот тим е 23 кратен државен првак и 19 пати освојувач на Куп, сепак Бутел Скопје треба да ја има фаворитската улога и да ги добие двата натпревари.

Кузманоски и неговите момци во подготовките покажаа дека имаат потенцијал да го поминат првото коло, доколку го сторат тоа во следното ќе играат против косовскиот тим Раховец.

Ракометарите на Бутел Скопје го одработија единствениот тренинг, според нивните инфомрации најверојатно ќе има ТВ пренос на каналот наа противникот.

ПретходноДоминација: Африка го доби својот прв учесник на Светското првенство
СледноДонарума остана без својата „99-ка“, не можеше да ја земе ниту „единицата“