Екипата на Пелистер продолжува со екипирање на играчкиот ростер откако потпиша договор со уште едно американско засилување. Станува збор за Џордан Скипер Браун, Американец кој настапува на позицијата крилен центар и треба да даде цврстина во рекетот во одбраната, но и да биде значајна опција плус во нападот.
Овој 27-годишен кошаркар по настапите во НЦАА-лигата првиот европски предизвик го имаше во белгиски Лувен, а потоа настапуваше и за тимот на Брисел. Една година мина во словенечкиот шампионат, а пред две сезони беше дел од силната ВТБ-лига, и тоа како член на Астана.
Ланската сезона Скипер Браун со успех настапуваше за турскиот тим Трабзон.
Џордан Скипер Браун е четвртото странско засилување на Пелистер, по ангажманите на Никола Малешевиќ, Остин Прајс и Брејси Дејвис.