Нашата најдобра фудбалска репрезентација на 1 август и официјално го доби 14-тиот селектор во својата историја. Благоја Милевски е предводникот на А-тимот, човекој кој што ја однесе У-21 на ЕП во Полска 2017 година. Успешен тренер, успешен селектор, нека биде и успешен во А-селекцијата.
Вечерва тој ќе го има своето деби. Токму против Ерменија, во меч од 4.коло во квалификациската група Ј за СП во Катар 2022. Немаше многу време за “запознавање“ со момците, а не му ни требаше. Па речиси 90 отсто од нив и тоа како ги знае, им беше селектор и заедно го остварија тој историски успех со пласманот на ЕП 2017.
Секако дека сите посакуваме дебито на Милевски да биде победничко. Да се разбереме, Ерменија не е наивна селекција, напротив, но сепак Македонија поседува квалитет за победа и три нови бода.
Со новиот селектор се очекуваат и новитети во играта. Го нема Пандев, сега ќе мора некои други да ја преземат одговорноста. Милевски, и самиот напомена, ќе форсира тимска игра, индивидуалниот наш квалитет ќе се обиде да го вклопи во еден тимски дух.
Се разбира сите со нетрпение го очекуваме дебито на новиот селектор, да видиме на дело што е ново, а што само продолжување на тоа што беше досега.
И сите посакуваме дебито да биде со победа.