Пораз од Белорусија на стартот на „Влатко Марковиќ“

115

Македонската репрезентација генерација 2006, под водство на селекторот Неџат Шабани, денеска го одигра првиот меч од традиционалниот турнир „Влатко Марковиќ“ против соодветната селекција на Белорусија. Загубивме со 2:4 иако на полувреме имавме позитивни 2:2.

Стрелци за нас на овој натпревар беа Максимилијан Димитриевски и Алтин Алију. Сепак, во вториот дел не издржавме и противникот на крајот триумфираше.

Утре нема одмор за нашите млади фудбалери, затоа што веќе е закажано второто коло во кое играме токму против домаќинот Хрвастка. Мечот се игра во Карловац со почеток од 17:30 часот.

ПретходноА. Пандев е “домаќин“ во финалето на Купот!
СледноСејдини: Пандев е единствена личност, најважно е што сме дел од Европското првенство