Не само што се одлични фудбалери, туку се и големи луѓе. И не само играчите туку и сите во репрезентацијата на Македонија. Гестот што го направија е доказ каква атмосфера владее во нашиот репрезентативен табор.
Имено победата над Лихтенштајн од 5:0, преку Елмас и Барди, тие му ја посветија на долгогодишниот физиотерапевт на селекцијата, Ангеле Милевски. Тој имаше две семејни трагедии во последно време, па му беше дадена поддршка:
“Со тебе сме, Ангеле“ пишуваше на дресот кои го истакнаа Елмас и Барди.