Ламин Јамал, кој го изгуби пасошот вчера во Турција, конечно успеа да се врати во Шпанија.
Крилниот напаѓач на Барселона и на репрезентацијата на Шпанија го загубил пасошот по натпреварот на гости против турската репрезентација во квалификациите за Светското првенство во 2026 година (6:0). Новинарот на „Бејаз Фудбал“, Емир Киличчетин, објави снимка на која се гледа како Јамал, откако не успеал да го пронајде документот во куферот и во автобусот, се вратил во соблекувалната за да го побара пасошот, но на крајот го напуштил стадионот без него.
Кралската шпанска фудбалска федерација (RFEF) контактирала со турските власти и полициската управа во Коња за да го реши ова прашање. Неколку часа подоцна проблемот бил решен и со приватен авион Јамал се вратил во Шпанија.