Алмада е новата „десетка“ на Аргентина

101

Лионел Меси е на крајот на својата иммресивна и легендарна кариера. Еден од, ако не и најдобриот на сите времиња полека но сигурно се повлекува од светската фудбалска сцена. Ги игра последните мечеви во дресот на репрезентацијата на Агрентина, и со самото тоа се отвори големото прашање. Кој е следниот кој што ќе го носи легендарниот дрес со број 10 на оваа репрезентација.

За последниот натпревар од јужноамериканските квалификации, репрезентацијата на Аргентина ќе гостува во Еквадор и ќе се стреми да го заврши своето учество на најдобар можен начин. Секако, „Гаучосите“ ќе бидат без неколку важни играчи, а сега е откриено кој ќе го носи дресот со број 10 во отсуство на Лионел Меси.

Минатиот четврток на стадионот „Монументал“, Лионел Меси доживеа еден многу посебен момент, играјќи го својот последен официјален натпревар за аргентинската репрезентација во земјата. Во меѓувреме, пред натпреварот против Еквадор, Лионел Скалони одлучи да го остави да се одмори и да не патува за Гвајакил.

Па така, во одуство на Меси, „десетката“ мора да му припадне на некој друг, а изборот е младиот играч на Атлетико Мадрид, Тиаго Алмада.
Тој веќе има забележано единаесет настапи за Аргентина, а постигна и четири голови.

 

ПретходноСтаниќ веќе има „италијанско“ искуство, сме одиграле и реми против „Азурите“ во минатото
СледноСе „клатат“ селекторските столчиња во регионот: Илиев си заминува од кормилото на Бугарија