Саша Ѓорѓевиќ на клупата на репрезентација која го заврши настапот на ЕП

4410

Италијанската кошаркарска јавност влегува во нова ера откако Џанмарко Поцеко одлучи да се пензионира по три години на клупата на „Аѕурите“. Поразот од Словенија на Евробаскетот беше пресвртница, а сега многу се зборува за неговиот наследник.

Лука Банки привлекува најголемо внимание, тренерот кој изгради респектабилен тим со Летонија и чие искуство може да биде клучно во водењето на Италија во следниот циклус.

Покрај него, во оптек се уште две познати имиња. Андреа Тринкиери, стратег кој работеше во бројни европски клубови и моментално е слободен, како и Саша Ѓорѓевиќ, поранешниот селектор на Србија и Кина, чиј ангажман би предизвикал посебно внимание.

ПретходноКарачиќ: Навистина е тешко да се игра во Битола, мора да бидеме на триста проценти!
СледноМакедонија У21 – Италија У21 стартни состави: Измена на голот, Македонија ќе почне со нов напаѓач