Куп на Македонија: Башкими преку Победа до 1/8 финалето

381

Во рамките од 1/16 финалето на Купот на Македонија, тимот на Башкими предмалку на гостински терен ја совлада екипата на Победа од Прилеп со конечни 0:4. Прволигашот ја покажа силата против реално послабиот противник во моментов, кој е ранг подолу во домашниот шампионат, и кој очигледно е далеку под нивото на кумановскиот лигаш.

Стрелци на головите на Башкими беа Хаџиќ 26’ Мемети 76’ мислими 79’ и Аворњо во 82 минута од мечот.

Што се однесува пак до останатите мечеви од кои што дел се закажани за утре. Нисколигашот од Битола, Јени Мале прифати да игра како домаќин во Тетово кај Шкендија. Тимот на Тиквеш пак му гостува на Скопје, Шкупи ќе има екстра тешка задача да му се спротивстави на второлигашот  Кожуф во Гевгелија.

Инаку во осминафиналето засега, покрај Шкендија Арачинови се и Вардар како освојувач на Купот, Струга ТЛ како финалист и екипите на Беласица, Охрид, Работнички, Силекс, Македонија ЃП, Детонит, Брегалница, Пелистер, а сега и Башкими.

ПретходноМакедонија У21 – Италија У21 стартни состави: Измена на голот, Македонија ќе почне со нов напаѓач
СледноТурција после 24 години до полуфинале Европско првенство