Луис Енрике е опериран, го пропушта следниот меч на ПСЖ

74

Предмалку медиумите во Шпанија, конкретно, „АС“ ја лиферуваше информацијата дека искусниот стратег Луис Енрике, е опериран по повредата минатата недела здобинеа по пад од велосипед.

Конкретно, извршена е интервенција на неговата клучна коска, која што е скршена.

Тој го пропушти последниот тренинг на ПСЖ, кој беше прв по паузата за репрезентативни натпревари, а го водеше Рафаел Пол. Се очекува помошникот на Енрике да ги предводи француските шампиони во претстојниот домашен натпревар против Ленс во Лига 1.  

Клубот сè уште не дал официјални информации за состојбата на шпанскиот специјалист, но според весникот „АС“, тој најверојатно нема да може да го предводи својот тим на натпреварот во недела.

ПретходноДимитар Трајков на позајмица во Работнички
СледноВасил Гогов дел од Вардар до 2027 година