Ѓорческа со нов пресврт до четвртфинале

53

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа избори ново четвртфинале откако во денешниот меч од второто коло на W75 турнирот во Букурешт ја совлада италијанската тенисерка Ноеми Басилети со 2-1 во сетови (36 63 64) за 130 минути игра.

Во првиот сет Ѓорческа поведе со 2:1 во гемови, но потоа следуваа четири гема за Италијанката Басилети која со тоа стигна до водство од 5:2 и сетот го доби со 6:3 и поведе со 1-0 во сетови. Во вториот сет противничката на Ѓорческа имаше предност од 3:2 во гемови, а македонската тенисерка направи серија од четири гема и го доби сетот со 6:3 и изедначи на 1-1 во сетови. Неизвесноста продолжи и во решавачкиот сет. Басилети поведе со 3:1, а Ѓорческа со три освоени гема дојде до предност од 4:3. По 4:4 во гемови, македонската тенисерка освои два гема и притоа во последниот гем ја искористи четвртата меч топка, а притоа успеа да спаси и една брејк-топка за 5:5. Во третиот сет резултатот беше 6:4 за Ѓорческа.

Утре во четвртфиналето Лина Ѓорческа ќе игра против Лаура Хиетаранта од Финска, која со 2-0 во сетови ја совлада Јулија Авдеева.

 

ПретходноЦентарот за едукација го комплетираше првиот модул од УЕФА курсот за ПРО тренерска лиценца
СледноМарсиал ќе игра во Мексико за Монтереј