Израелските клубови Макаби и Хапоел Тел Авив, своите домашни натпревари во новата сезона од Евролигата повторно ќе ги играат на неутрален терен. Евролигата дека Макаби своите домашни натпревари ќе ги игра во Белград, како и во претходните сезони. Хапоел, пак, ќе се пресели во Софија, а повремено и во Самоков во Бугарија, каде што веќе играше минатата сезона.
Израелските клубови го разгледуваа и Кипар, но тамошните власти го отфрлија барањето поради безбедносни причини. Израелската репрезентација имаше слични проблеми кога се обидуваше да организира пријателски натпревари пред Евробаскетот.
Но, проблемите не се само во изборот на домашни терени. Поради затегнатите односи меѓу Израел и Турција, Макаби и Хапоел нема да играат во Истанбул. Така, Анадолу Ефес ќе ги игра своите дуели против израелските клубови во Подгорица. Сè уште се чека одлука каде Фенербахче ќе биде домаќин на Макаби и Хапоел, со оглед на тоа што повеќе од 90 проценти од населението на Турција се муслимани, а безбедносните ризици се оценети како преголеми.