Организаторот на карате натпреварување во Шпанија не дозволи репрезентацијата на Косово да се натпреварува под државниот грб.
Шпанците, како што е познато, не го признаваат Косово како држава, па оттука овој потег на организаторите е очекуван.
Според порталот KOHA, претставниците на карате репрезентацијата на Косово реагираа на одлуката на домаќинот со тоа што засега одлучија да не учествуваат на натпреварувањето.
Тие ја нарекоа одлуката на домаќинот „дискриминација“.
Ниту еден од 12-те натпреварувачи што пристигнаа во Шпанија не се пресоблече во кимоно и не го претставуваше Косово.
Патем, гостинската карате селекција пристигна во Гвадалахара со автобус, по 40-часовно макотрпно патување кое се покажа како залудно.