Грчевски го објави списокот за „Трофеј Македонија“, познат е комплетниот распоред

65

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски го објавi списокот на ракометарки повикани за собир и подготовки за ЕХФ-неделата која е закажана за периодот од 15.09.2025 до 21.09.2025 година.

На спискот ја нема најдобрата ракометарка, Сара Ристовска, без Јована Мицевска, како и ушѕе неколку стандардни репрезентативки.

Во рамки на истиот турнир кој ќе се одржи во Охрид ќе настапат селекциите на Тунис, Египет, Грција и Македонија. Македонија отвара против Тунис, а ќе игра во вториот термин од 20:30 часот.

 

Распоред и термини на натпреварите:

18.09.2025 – Четврток

  • 18:15 часот Грција – Египет
  • 20:30 часот Македонија – Тунис

19.09.2025 – Петок

  • 18:15 часот Тунис – Грција
  • 20:30 часот Македонија – Египет

20.09.2025 – Сабота

  • 14:00 часот Египет – Тунис
  • 16:30 часот Македонија – Грција

Собирот е закажан за ден 15.09.2025 (понеделник), со почеток во 09:00 часот од пред канцелариите на Ракометна Федерација на Македонија.

ПретходноШпанците му забранија на Косово да се натпреварува под државните симболи
СледноГолманот на Пелистер ја има третата најдобра одбрана за првото коло во ЛШ (ВИДЕО)